Овој филм The Grand Budapest Hotel беше еден од оние кои ги очекувавме со најголема нетрпеливост.
Впрочем, гледањето воопшто не ги опишува димензиите на очекувањата – да се доживее филмот, да се види поставеноста на секој кадар, лицата, костимографијата, улиците, воопшто да поживее малку во светот на Вес Андерсон – еден прекрасен свет.
Светот на Гранд хотел Будимпешта е гламурозен, забавен и населен со ѕвезди.
Во осврти за овој филм многу ретко ќе сретнете опис на приказната. Бидејќи сите се задржуваат на начинот на кој што е создаден филмот. Тоа не значии дека филмот е бавен или здодевен – напротив има тензии, динамика и многу смеа. Но шармот на филмот не е во големата историја, туку во малите детали – секој предмет во него е избран и направен прецизно, секоја улога е извадена до совршенство, секој пресврт на дејството е апсурден и ужасно смешен. Целиот филм личи на возење на оние ретро вртелешки – не остава јасен спомен, но искуството е сентиментално, детски ентузијастично и ни остава малку вртоглавица. Можеби затоа во текот на целиот филм има токму таква музика – стара како на рингишпил. Дефинитивно на овој рингишпил ќе сакате да се качите повторно.