Предлог филм: Whiplash/Ритамот на лудилото

Филмот „Ритамот на лудилото“ (Whiplash) ги освои симпатиите на публиката, но и на стручните лица, па досега ги помина најеминентните светски филмски фестивали, а веќе беше номиниран и освои неколку награди на истите.

Whiplash е во режија на Damien Chazelle, во главните улоги се Miles Teller, J.K. Simmons, Melissa Benoist.

Филмот ќе биде на репертоарот на кино Милениум од четврток (22.01) во 20.00 часот.

 Зошто треба да го гледате овој филм?

Whiplash(Foto)

Ако досега сте слушале дека музичар може да стане само оној кој што поседува талент и активно вежбање со цел да го усоврши својот инструмент и да се надгради себе, овој филм нуди малку поинаква перспектива. Тој гласно го поставува прашањето  – А што е со професорите? Што е со нивната методологија, луцидните интервали, притисокот, мотивацијата, демотивацијата, начинот на кој што тие прават да се гледа на конкуренцијата… Дали е сето тоа неопходно за да се роди идната легенда или целата таа атмоефера може да го убие духот и да ја уништи желбата?

Ова е дефинитивно филм кој ќе ви отвори многу прашања и една сосема нова перспектива.

Не го пропуштајте…

- Реклама -