Анкета на ИРИ: За СДСМ би гласале 19%, а за ВМРО-ДПМНЕ 16% од граѓаните, доколку локалните избори се одржат денес

Доколку денеска се одржат локални избори, СДСМ би бил во предност пред ВМРО-ДПМНЕ со 3% од гласовите, покажува анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според одговореното од анкетираните, за СДСМ на локалните избори би гласале 19%, а за ВМРО-ДПМНЕ 16% од избирачите. Во Скопје разликата е уште поизразена – за СДСМ би гласале 21%, наспроти 16% за ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ има предност и во другите градови, а некаде таа е и двојно, па и тројно повисока. Во Куманово, имено, според анкетата, СДСМ има поддршка од 28%, наспроти само 7% на ВМРО-ДПМНЕ. Во Штип, за СДСМ би гласале 34%, а за ВМРО-ДПМНЕ 15 отсто од анкетираните. СДСМ, според анкетата, води и во Охрид (кадешто ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 31 година од формирањето), со 22% наспроти 16% поддршка меѓу граѓаните за локалните избори, доколку би се случиле денес.

Прочитајте и:  Деманг на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков

Предност има и лидерот на СДСМ – Зоран Заев, пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, чиј рејтинг е едвај 6%.

Како што велат од СДСМ, оваа анкета на релевантниот ИРИ на неколку месеци пред изборите, покажува дека Социјалдемократскиот сојуз е фаворит и на претстојните локални избори.

- Реклама -