Анкета на ЦПИК за претседателските и парламентарните избори, водат Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ, во предност и албанската опозиција пред ДУИ

Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор: За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8% од анкетираните, додека за СДСМ 16,3% од испитаниците.

Во албанскиот политички блок разликата доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата „ВРЕДИ“ би гласале 7,7% од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9% од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2% од анкетираните. 17,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6% не дале никаков одговор.

Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Прочитајте и:  СДСМ се враќа во форма, кризата од изборите е надмината - вели Филипче

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на државата, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба, со маргина на грешка од +-3,0%.

- Реклама -