Анчелоти по поразот од Лил: Противникот беше посилен и мораме да го прифатиме тоа

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде свое видување за синоќешниот натпревар со Лил на гостински терен.

Францускиот тим победи со 1:0 во меч од 2. коло на Лигата на шампионите.

-Не сме навикнати на порази. Но, противникот ја заслужи победата. Лил не надмина во дуел играта. Противникот беше посилен и мораме да го прифатиме тоа. Треба да учите од грешките. Ова е добра лекција која ќе не направи посилни, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.

Реал Мадрид е на 16. место со три бода, Лил е 18-ти исто така со три бода во поредокот во Лигата на шампионите. 

- Реклама -