Ако имате пари и желба тогаш и вие можете да станете сопственик на една од овие морничави восочни скулптури и анатомски модели од медицинските училници во осумнаесетиот и деветнаесетиот век.
Анатомичарите и биолозите од тој период имале далеку поголем талент за создавање на морничави креации од денешните режисери на хорор филмови. Поради тешкотиите за зачувување на тела медицинските студенти морале да учат со помош на овие помагала. Овие скулптури опфаќаат од гротескни креации, до смешни и прекрасни ремек дела.