Аморим пред мечот со Сити: Ако ги победиме, луѓето ќе мислат дека сум новиот Алекс Фергусон

Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим одржа прес-конференција пред натпреварот со Манчестер Сити на која зборуваше на интересни теми.

Името на менторот е едно од најдискутираните последните денови во европскиот фудбал, бидејќи пред само неколку дена беше назначен за нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Ова ќе биде последен домашен натпревар на „лисабонските лавови“ пред своја публика со Аморим на чело. Тој самиот потенцираше дека остава комплетен тим и завршен проект.

-Мојот фокус утре ќе биде единствено на победа во натпреварот за Спортинг, бидејќи утре ќе бидам тренер на Спортинг и само на Спортинг. Свесен сум дека многу луѓе ќе го гледаат натпреварот и ќе извлекуваат заклучоци, но тие можат да бидат многу погрешни. Ако загубиме, очекувањата ќе паднат. Ако победиме, многу луѓе ќе помислат дека пристигна новиот Алекс Фергусон. Она што ме интересира е победата и соодветно збогување со „Хозе Алваладе“, потоа ќе сакам да ја победам Брага и дури тогаш ќе започне мојата нова авантура во Манчестер, изјави Аморим.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити
- Реклама -