Американците исплашени од кинеските возови: Да ги прегледате „од глава до пети“!

Сенаторот на Демократите – Чарлс Шумер побарал истрага околу околу планот за набавка на нови вагони за подземната железница во Њујорк. Тој бара да се провери можноста дали вагоните, кои се произведени од кинеската државна компанија CRRC, би можеле да претставуваат ризик по националната бeзбeднocт.

Откако кинеската компанија CRRC победи на јавниот тендер за дизајн на нови вагони во Њујорк, Шумер својата загриженост ја истакнал и пред Министерството за трговија, а побарал и вагоните да бидат прегледани „од врв до дно“.

Како што пренесуваат медиумите, компанијата не го доби договорот за набавка во Њујорк, иако победи на тендерите за набавка на вагони во Лос Анџелес, Чикаго, Бостон и Филаделфија.

Безбедносните експерти предупредуваат дека вагоните се потенцијална сајбер закана, повикувајќи се на претходни хакерски напади од Кина.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Од CRRC велат дека поддржуваат секаква истрага. Наведуваат дека не постојат докази дека било кој производител намерно ги поврзува вагоните со сајбер закани.

- Реклама -