Американски студент го сруши Гинисовиот рекорд за вертикален скок од место (ВИДЕО)

Кристофер Спел – 23 годишен студент од Кортланд, Њујорк, го собори Гинисовиот рекорд за височина при вертикален скок од место.

Спел, од универзитетот Бафало, за својот подвиг тренирал од август 2018-та. Претходно двапати бил дисквалификуван од Гинис бидејќи платформата на која доскокнувал била оценета како премногу мека (ќе сфатите од видеото).

Овојпат Спел скокна регуларни 163 сантиметри, со што го сруши досегашниот рекорд од 161.5 сантиметри.

- Реклама -