Американски фанатизам: Оружјето ни го даде Бог

Чудна церемонија во Пенсилванија. Се подисплашија дури и некои од најжестоките фанови на оружјето.

Не баш познатата Црква на Обединувањето во американската сојузна држава Пенсилванија, одржа миса на која беа благословувани млади брачни парови, ама заедно со нив и автоматско оружје – демек во одбрана на Вториот амандман од американскиот Устав кој гарантира право на носење на оружје.

За време на церемонијата пушките и пиштолите мораа да бидат закочени и без муниција, а наводно симболично го претставувале „железниот стап“ од последната библиска книга – книгата на Откровението.

„Исус е тој кому му е пророчено дека ќе ги удри народите, и ќе владее над нив со железен стап“ (Откровение 19.15). Се работи за црква основана во 1954 година во Јужна Кореја, а повеќето следбеници се од источна Азија. Но, САД како САД, се плодна почва за секакви верски собири (некои би рекле и секти), па Црквата на Обединувањето има наводно илјадници посветени следбеници. На конкретнава церемонија присуствувале неколку стотина.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Доктрината на црквата комбинира сегменти од некои англикански цркви (популарни во САД), ‘мејнстрим’ христијанство, како и некои традиционални јапонски и корејски учења.

Црквата е веќе долго мета на критики, кои велат дека многу од верниците биле на „перење на мозокот“, дека се работи за ерес, дека во црквата се негува антисемитизам и омраза кон различните, и слично.

Верниците кои се собраа, и тоа доста брзо по пукањето во училиштето во Паркленд, Флорида, и тоа носејќи „AR-15“-ки оружјето со кое беше извршен масакрот, велат дека тоа било ненасилна миса, и дека таму владее „таков мир и љубов“.

Облечени во необични шарени носии, бели венчаници, ама и круни од куршуми, меѓу другото присутните на церемонијата порачаа и: „Не заборавајте, оружјето ни е дадено од семоќниот Бог“…

Личат на луѓе на кои треба да биде доверено полу-автоматско оружје, нели?

Плус, еден транспарент од протестот одржан карши црквата:

- Реклама -