Американската Амбасада во Киев ги повика Американците веднаш да ја напуштат Украина

Киев, 26 јануари 2022 (МИА) – Американската Амбасада во Киев денеска „ги повика“ американските граѓани кои престојуваат во Украина да ја напуштат земјата без одлагање, во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија околу Украина.

„Амбасадата на САД ги повикува граѓаните на САД веднаш да размислат за напуштање на земјата“, соопшти амбасадата на својата веб-страница.

„Безбедносната ситуација во Украина останува непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без претходни предупредувања“, се додава во соопштениетоп на амбасадата.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
- Реклама -