Американците предупредуваат: Се подготвува напад во Москва, можни се голем број жртви

Американските дипломати ги повикаа своите државјани денеска, 31 октомври, да го избегнуваат подрачјето на музејот и паркот, како и местата каде што се собираат поголем број луѓе.

0
Американците предупредуваат: Се подготвува напад во Москва, можни се голем број жртви
Фото: МКД.мк

„Американската амбасада во Москва доби информации за веродостојна закана од настан што би можел да предизвика голем број жртви денеска, 31 октомври, во подрачјето на музејот и паркот Царицино“, се наведува во предупредувањето.

Амбасадата не соопшти за каква точно закана станува збор, кој би можел да стои зад неа, ниту врз основа на какви информации го издала предупредувањето.

Реклама

На американските државјани им се советува да бидат внимателни, да ги следат локалните медиуми, да ги држат мобилните телефони наполнети и да носат документи за идентификација.

Според пишувањето на рускиот независен медиум Новаја газета Европа, американските власти го координираат одговорот на заканата со руските власти.

Предупредувањето се однесува на музејско-парковскиот комплекс Царицино, популарно место за прошетки и културни настани во јужниот дел на Москва.

Рускиот портал Фонтанка објави дека за денеска во комплексот бил предвиден концерт на оргули и дека интернет-страницата на музејот во моментот на нивното известување била недостапна.

Реклама

Американскиот Стејт департмент и претходно издаде предупредување од највисокото, четврто ниво, со кое ги советува своите државјани да не патуваат во Русија.

Меѓу причините се наведуваат ризикот од терористички напади, последиците од војната против Украина и можноста за произволно приведување американски државјани.

САД предупредуваат и дека нивната амбасада има ограничени можности да им помогне на Американците во Русија.

Засега нема потврда дека во Царицино се случил напад. Руските власти не објавија детали за можната закана.