American Apparel реши бесрамно да го искористи ураганот кој одзеде повеќе од 10 животи за да промовира “Hurricane Sandy Sale”.
Продажниот ланец испратил промотивен email вчера вечер нудејќи 20 процентен попуст во идните 36 часа „за во случај да ви е досадно за време на бурата“. Во промоцијата била вклучена и мапа на која се прикажани државите во кои важи овој попуст – оние погодени од ураганот.
Со оглед на тоа што рекламата вели “Just Enter SANDYSALE at Checkout” очигледно е дека таа е наменета за интернет купувачи кои седат во безбедноста на нивниот дом за време на бурата.