Алијанса/Алтернатива: Фотографиите во авионот и трошоците на премиерот и министрите се доказ за измамата на оваа Влада

„Вчера бевме сведоци на уште неуспех во процесот на интеграција. Нема датум за разговори со Европската унија и од 2018 година сѐ е лага. Фотографиите во авионот, трошоците на премиерот и министрите на владата, ќе останат само доказ дека за измамата на оваа Влада и трошоците што ќе треба да ги плаќаат граѓаните на оваа земја“, реагираат од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива.

„Што друго треба да се случи за зелениот министер за надворешни работи Бујар Османи да признае дека не успеал? Што друго треба да се случи за оваа влада да поднесе оставка и да се врати на повторна проценка пред граѓаните?“, прашуваат тие.

Според нив, Владата ќе се обиде да се оправда со Бугарија, но вистинската причина е корупцијата и криминалот во самата власт.

„Ќе се обидат да се оправдаат со Бугарија, но сите знаеме дека Европската унија во своето семејство не прифаќа корумпирани, криминализирани политичари и влади. Неодамна, вакви проценки дојдоа и од Вашингтон преку указот на претседателот Бајден. Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива одамна има кажано дека оваа влада не може ниту да ја води земјата кон Европа, ниту да ја донесе Европа тука“, порача опозицијата од албанскиот политички блок.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

Тие синоќа реагираа и на шпекулациите за промена на химната, кои ги оценија како замајување на јавноста од она што навистина се случува – неуспехот во евроинтеграциите.

„Нема промена на химната, има потфрлање во интеграциите!

Драги граѓани, денеска не добивме датум за почеток на преговори со Европската унија. Тоа е едната и единствена горчлива вистина денес. Гатачките со наводна промена на химната се лажен патриотизам со кој Ахмети од една страна сака да направи театар дека наводно ќе смени нешто, и Заев, од друга страна, дека нешто брани. Сета оваа измама има само една цел – даја дефокусира јавноста од едиствената вистина на денот: Уште еден неуспех во евроинтегративниот процес.

Наместо лаги, Владата на СДСМ-ДУИ треба да даде оставка и да одговара за неуспехот во интегративниот процес, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците“, порачаа тие.

- Реклама -