Alfa Romeo започна развој на три нови модели

Alfa Romeo започна со развој на три нови модели, чија цел е да ги подобрат во целост пазарните резултати на брендот.

Ова е првиот бран од програмата на компанијата, вклучувајќи вкупно осум нови возила.


Програмата беше претставена лично од првиот човек на компанијата, Серџо Маркионе, на почетокот на мај. Инвестициите ќе достигнат до пет милијарди евра, а главната цел е продажбата на Alfa Romeo да се зголеми до 400.000 автомобили годишно до 2018 година. Во 2013 година беа реализирани само 74.000 единици.

Од Alfa Romeo и Fiat Chrysler Automobiles одбиваат да дадат детали за новите автомобили. Според извори на Automotive News Europa  станува збор за седан од високата средна класа, SUV и претставник од престижниот сегмент. Првиот модел со назив Project 952, се предвидува да се појави во салоните во Европа во средината на 2016 и во САД до крајот на истата година. Тој ќе е наследник на прекинатиот проект Giulia и на 159. Со него Alfa Romeo ќе лансира нова линија мотори, меѓу кои 2,2 литарски (од 180 до 330 КЅ) и 3,3 V6 со моќност од 400 до 500 КЅ. Во подготовка се и два дизелски агрегати.

Во плановите на брендот фигурираат уште 4C Spider (концептот беше претставена во март во Женева), родстер и купе. Alfa Romeo освен тоа долго време планира голем SUV – особено за пазарите во САД и Кина. Се претпоставува дека тој ќе е „роднина“ на Maserati Levante. Тим од над 300 инженери работи на новите модели на Alfa Romeo во Модена (Италија). Нивниот број најверојатно ќе се зголеми повеќе од двојно до крајот на 2015 година.

Моментално Alfa Romeo нуди во Европа три модели – Giulietta, MiTo и 4C. Од Fiat очекуваат новите модели да одиграат голема улога за развојот на брендот на американскиот пазар. Плановите се продажбата во Северна Америка да достигне до 150.000 парчиња годишно до 2018 година.

Прочитајте и:  Пад на продажбата на автомобили во Европа

 

- Реклама -