Alfa Romeo пушта SUV со 300 КЅ

За првпат новиот теренец на Alfa Romeo се најде во објективите на автомобилските репортери кои бараат сензационални фотки. Маскиран како Giulietta прототипот поминува низ тестови во Јужна Европа.

Според неофицијални податоци кросоверот ќе го добие името CXover и ќе се појави на пазарот следната година. Тој треба да биде конкурент на Ford Kuga, Volkswagen Tiguan, Renault Koleos, BMW X3, Mercedes-Benz GLK, како и се уште непостоечкиот Porsche Roxster. Димензиите на CXover се 4.110 милиметри должина и 1.810 милиметри висина. Кросоверот ќе располага со 20-инчни тркала од лесна легура и посебна група светла.

Најмоќната верзија на овој модел ќе користи 2.0 литарски турбо мотор со моќност 300 КЅ. Теренецот на Alfa Romeo ќе добие систем за погон на сите тркала, кој ќе овозможува пренос на 60% од вртежниот момент на задните тркала.


Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -