Alfa Romeo понуди уште детали околу компактното спортско купе 4C, чиј старт на продажбата за пазарот во Европа, е закажан за во октомври.
Основната верзија на моделот ќе го има името Essential и ќе биде ориентирана кон оние кои сакаат „чисти“ форми. Таа е опремена со дигитална инструментална табла, кожен управувач и седишта прекриени од текстил. Возилото пристигнува со сиви сопирачки апарати, две крајни издувни цевки и фелни, кои се достапни во големина 17 и 18 инчи.
За оние „поагресивните“, Италијанците нудат Racing Pack, кој додава кон горното спортски управувач со кожа и микрофибер секции, спортски издувен систем, како и пониско спортско подвозје. Тука клиентите ќе можат да избираат меѓу 18 и 19 инчни тркала со AR Racing гуми. Alfa Romeo 4C ќе се нуди и со Luxury Pack пакет кој се состои од кожа или микрофибер тапацир на седиштата и Bi – LED предни светла со карбон украси. Вреди да се напомене дека списокот на дополнителна опрема е навистина широк.
Возилото е со 1.75-литарски турбо мотор со 240 КЅ и 350 Nm. Тој е комбиниран со менувач со две спојки, кој овозможува на автомобилот со маса од само 895 килограми да забрза до стотка за 4,5 секунди. Максималната брзина достигнува 258 km/h, а просечната потрошувачка на гориво е 6,8 l/100 km.
За помала тежина на возилото, Италијанците користеле карбон и алуминиум за изградба на неговата конструкција. Во составот на конструкцијата присуствуваат и два интересни материјали – SMS (Sheet Moulding Compound), кој општо земено претставува полиестер ткаенина засилена со фиберглас, како и PUR-RIM што е полиуретан, инјектиран под притисок во шуплини и клучни области на платформата. Alfa за 4C има и специјални стакла, кои се околу 15% полесни од стандардните. Карбонскиот монокок, врз кој е базиран автомобилот тежи само 65 килограми.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус