Alfa Romeo ќе произведува нов модел базиран на Ghibli

Концептот 6C Coupe ќе добие мотори од Ghibli и систем за погон на сите тркала од Ferrari FF.

Alfa Romeo подготвува сосема нов модел во варијанти купе и кабриолет, кој ќе го носи името 6C. Според информациите прототипот Alfa Romeo 6C Coupe, дело на автомобилскиот дизајнер Александар Имнадзе, има голема веројатност да стане новиот луксузен претставник од средната класа на италијанската автомобилска марка. Новиот модел ќе биде базиран на неодамна претставениот во Шангај, Maserati Ghibli. Од новата спортска перјаница на Maserati ќе се користат и агрегатите, бензинецот V6 со два турбо компресори и 410 КЅ и V6 турбодизелот со 300 КЅ.

579_alfa-470-1

Чудна вест е дека благодарение на FIAT новата Alfa Romeo 6C има веројатност да добие систем за погон на сите тркала од Ferrari FF.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -