Алегри: Мора да одиграме подобро отколку на првиот натпревар

Тренерот на Милан, Масимо Алегри вели дека неговите фудбалери мора да одиграа многу подобро на Камп Ноу отколку на првиот натпревар против Барса доколку сакаат пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.

Милан утре со предност од 2-0 ќе го започне натпреварот на Камп Ноу против моќната Барселона, Росоњерите имаат одличен резултат и многу реални шанси да го елиминираат големиот противник.

Масимо Алегри е свесен за значењето на овој натпревар и вели дека тие ќе мора да одиграат со максимална концентрација во текот на целиот дуел доколку сакаат да се радуваат на успех.

„Ќе играме против тим кој ќе се бори да се врати од два гола негатива, па ќе мора да одиграме подобро отколку во првиот натпревар” – изјави Алегри на денешната прес конференција.

„Минатата година кога се сретнавме со нив во групната фаза, Барселона играше со тројца дефанзивци. Утре треба да бидеме подобри во одбраната и многу подобро да играме со топката отколку што тоа го правевме на домашен терен”.

„Сите знаат колку е важен овој натпревар, но иднината на тимот нема да се промени што и да се случи утре”.

„Процесот на градење на овој тим започна во август и нема да запре дури и да бидеме елиминирани од најдобриот тим во светот”.

„Во овој тим има млади играчи кои немаат интернационално иксуство, па потрена ни е самодоверба и смиреност утре на Камп Ноу”.

„Италијанскиот фудбал е различен од другите европски лиги. Барселона ги тера противниците да играат на ист начин поради поседот на топката кој го имаат”.

„Доколку успееме да ја задржиме Барселона надвор од нашиот шеснаесетник, тогаш ќе имаме подобра шанса да се квалификуваме во 1/4 финалето. Ќе играме со тројца напаѓачи”.

 

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -