Пејачот Ламбе Алабаковски, кој го подметна пожарот во „културниот клуб“ на Бугарите во Битола – „КЦ Иван Михајлов“, со изведба химната на Македонија го отвори денешниот протест пред Владата, на кој се бара отфрлање на францускиот предлог под слоганот „Ултиматум – НЕ Благодарам“.
„Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка“, порача Алабаковски, кој она што ѝ се случува на Македонија го карактеризираше како „фашизам“.
Воедно, пејачот запали лист хартија на кој беа наведени Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и францускиот предлог, со порака дека се штетни за Македонците, Македонија и македонскиот идентитет.