„Ако некој го знае бројот на Кендал, нека ми го пише“

Во последно време кружат гласини за наводна врска меѓу 38 годишниот актер Орландо Блум и 19 годишната манекенка Кендал Џенер.

Kendall-and-Orlando

Орландо ги демантираше гласините во негов стил. Тој истакна дека двајцата дури не се ни познаваат.

„Не ја познавам Кендал Џенер. Ако некој го има нејзиниот телефонски број би сакал да го добијам“, се пошегува Орландо.

Откако се разведе од манекенката Миранда Кер, доста често го поврзуваат со манекенки во таблоидите. Сепак, уште не се нашла некоја која повторно ќе го освои неговото „пиратско“ срце.

 

 

- Реклама -