617
Потењето е природна човечка реакција на високите температури бидејќи телото на овој начин се лади и се обидува да ја намали телесната температура. Иако е регулација на топлината, потта ни пречи и не се чувствуваме удобно кога се потиме.
Во лето, важно е хигиената да се прилагоди на зголеменото потење. Еве неколку совети како да го одржувате:
1. Редовно туширајте се
Туширањето ги отстранува мртвите клетки од кожата, нечистотијата и потта. Попатно се ладите и автоматски се потите малку помалку. Исто така, добро е да се туширате наутро ако сте се испотиле преку ноќ и навечер пред спиење.
2. Пијте доволно течности
Треба да ја замените водата што ја губите со потење. Честата хидратација помага при потење бидејќи го лади телото и на тој начин го намалува потењето.
3. Редовно вежбајте
И покрај верувањето дека тренингот го поттикнува потењето, тој всушност помага во регулирањето на потењето и ја намалува појавата на непријатни мириси. Истуширајте се после тренинг со млака вода и ќе се чувствувате многу подобро.
4. Носете лесна облека
Во лето не е добро да се биде постојано во тесна облека. Вашата кожа не може да дише и потта се впива во материјалот, па вие сте влажни во текот на денот. Во широка облека, воздухот поминува до кожата и ве лади. Носете полесна облека што не ги привлекува сончевите зраци.
5. Користете спреј за лице и тело
Прскањето со термална вода или хидратантна магла ја хидрира и ја храни вашата кожа, помага при обилно потење, но помага и при акни и мозолчиња кои произлегуваат од себум предизвикан од пот и нечистотија.
6. Не јадете зачинета храна и да пиете премногу кафе
Лутината ќе предизвика телото да се загрее, а кофеинот исто така не се препорачува бидејќи ги стимулира надбубрежните жлезди, предизвикувајќи потење на стапалата, дланките и пазувите. Помалите, почести оброци можат да ве разладат, бидејќи телото генерира топлина за да ја разгради храната, пишува HindustanTimes.