Ако мислевте дека ние сме лоши шофери

Погледнете кои нации се познати како најлошите возачи во светот.

Многупати знаеме да урламе во сообраќајот кога ќе видиме некој што вози крајно непрописно. Сепак, има држави низ светот, каде речиси секој вози како да е сам на патиштата.

Внимавајте доколку патувате со автомобил во овие држави, бидејќи според статистиката и бројот на сообраќајни несреќи, тука владее тотален хаос.

Италија

1

Италијанците возат брзо, не внимаваат и не се срамат од казните. Речиси на сите автомобили се видливи траги од сообраќајни несреќи.

Саудиска Арабија

2

Точниот збор за арапските возачи е неодговорни. Возат како да се наоѓаат сами во пустина и нема никој околу нив.

Виетнам

3

На улиците е хаос. На секој му се наметнува важна одлука, за дел од секундата. Најлошо е кога патуваат во друга држава – Виетнамците продолжуваат да возат на ист начин и таму, загрозувајќи ги сите околу себе.

Венецуела

4

Не само што возат непрописно, туку се и исклучително дрски.

Доминиканска република

5

Тука возачите менуваат ленти одеднаш, без да даваат индикации за тоа. Многумина возат по употреба на алкохол, што предизвикува фатални последици.

Индија

6

Во најголем дел од времето зад воланот тие само стојат на едно место и свират на сирената. Во Индија нема официјални возачки курсеви – купуваш автомобил и едноставно го возиш.

Русија

7

Во Русија има лошо обележување на улиците. На зима тоа се брише и поминуваат месеци пред некој да се погрижи да воведе ред повторно. Русите пијат многу, што исто така доста им пречи зад воланот. Многу луѓе имаат камери на шофершајбната, како доказ при инцидент.

Нигерија

8

Во Африканските држави како целина возењето е многу лошо. Покрај лошите возачи на автомобили има мнозина сопственици на скутери и мопеди кои возат брзо и стануваат главни предизвикувачи на несреќи.

САД

9

Во САД има многу млади возачи кои купуваат автомобил на 16 години и седнуваат зад воланот. Погледот на луѓе кои управуваат со автомобил и користат „паметен телефон“ е нешто што се гледа секој ден.

Кина

10

Во Кина на секој агол има метеж предизвикан од некој кој одеднаш престанал да вози, или сменил лента, па останатите се удриле во него.

- Реклама -