Ако го јадете ова ќе имате здраво срце

Овес, јогурт, маслиново масло, риба и спамаќ се први на листата на сојузници кои го намалуваат ризикот од настанување на болести на срцето.
Болестите на кардиоваскуларниот систем не се ретка појава, а первенцијата е секако здрава исхрана. Постојат пет видови на намирници кои ќе ви помогнат во тоа.

Овесот за доручек е здрав начин да го започнете својот ден. Порција овес препорачуваат нутриционистите, бидејќи е богат со влакна, што придонесуваат за здрава артерија.

Јогуртот не само што го подобрува, туку и сосема го зајакнува имунитетот. Иако не спаѓа во оние производи кои се „лек за се“, јогуртот значително ја подобрува работата на срцето.

Маслиновото масло може да се користи наместо маслац или стандардното масло во исхраната, а ќе ви овозможи подолг и здрав живот. Маслиновото масло го намалува ризикот од развој на болети на срцето, а го намалува и нивото на LDL холестеролот.

Потребно е да се јаде риба два пати неделнон, а резултатите се здрави крвни садови. Рибара го намалува крвниот притисок ис спречува неправилна работа на срцето.

Спанаќот е зеленчук кој го зајакнува срцето и имунитетот. Богат е со влакна и калиум, а познат е по тоа што го намалува ризикот од создавање срцеви заболувања.

- Реклама -