Ајфонот требало да се појави во 1984

Џон Скули, поранешниот извршен директор на Apple, во последното интервју откри интересна тајна дека Стив Џобс, основачот на компанијата планирал мобилен телефон уште во далечната 1984 година истовремено кога излезе и мега популарниот персонален компјутер Mac.

Steve-Jobs-John-Sculley-a-007

Скули сепак не откри зошто оваа идеја чекала на својата реализација цели 20 години, но по враќањето на Џобс во Apple визијата се оствари и беше претставен првиот смартфон iPhone.

steve-jobs_john_sculley-500x329

Понатаму Скули, кој функцијата директор на Apple ја извршуваше до 1993, даде коментар и за претстојниот iPhone 5C за кој се шпекулира дека ќе има многу пониска цена. Тој смета дека Apple никогаш нема да понуди смартфон по цена од 100 долари, но затоа има простор за надградба на постојниот модел со поголем екран за кој фановите се подготвени да го купат.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -