Неколку пати повторувам дека на господинот Ахмети, пред се, му треба адаптација во опозиција, а потоа му требаат реформи, а за седнување кога сака ќе седнеме, истакна денеска министерот за здравство, Арбен Таравари на прашањето дали ќе одговори на повикот на лидерот на ДУИ, да излезат од Владата и да формираат заедничка коалиција.
– Ќе седнеме, ама не знам што ќе правиме. Прво му треба на господинот, Ахмети реформи, адаптација и кауза, да излезе и да ни каже што сака. Ние за седнување сме отворени и комуницираме со сите политички партии, без исклучок. Така што немаме ништо против и со него да комуницираме. Меѓутоа нека почне со реформи. Тоа ни е многу битно нам, вели Таравари.
Прашан дека ова е истото што го кажа премиерот Христијан Мицкоски, Таравари со одговор дека не знае што кажал вчера премиерот, бидејќи не го слушнал. Но, како што вели Таравари, одамна на лидерот на ДУИ, Ахмети му укажува дека треба да смени нешто во партијата, која не функционира, бидејќи 107.000 албански гласови беа против него, односно беа за ВЛЕН.
-Тоа се гласови, кои никогаш ниедна албанска опозиција не добила од 1991 година, од кога се одржуваат избори во Македонија, вели Таравари.
Прашан за излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт, Таравари кусо одговори дека Тачи е посебен, дека тоа е негова одлука и не би сакал да коментира.