Административец на годината

Го имаме победникот на овогодинешниот Halloween. Работи во DMV (Агенција за моторни возила) канцеларијата во Сан Диего. На 31 октомври дошол на работа маскиран како мрзливец (она најспорото можно животно), демек во обид да го сруши рекордот за најбрз мрзливец што има регистрирано регистерска табличка.

Нормално дека човекот заврши на социјалните мрежи и дека стана вирален хит. Фотографии беа објавени од најмалку двајца посетители што дента патот ги натерал во Агенцијата.

Маската е инспирирана од анимираниот филм „Zootopia“, од мрливецот што се вика Flash. Еве ја сцената, ако не сте го гледале:

https://youtu.be/eIkgSJcRlF4

- Реклама -