Арбер Адеми, поранешниот министер за образование, а актуелен пратеник од редовите на ДУИ и претседател на Комисијата за надворешни работи (каде неодамна летаа филџани), е изненаден од протестите пред Влада против францускиот предлог.
Во гостување во „24 анализа“, тој посочи дека е дозволено да се изрази мислење, но повика на воздржување од насилство. Според него, добро е што има дебата и што се дискутира, зашто така ќе се расчистат и ќе бидат дообјаснети недоразбирањата околу францускиот предлог.
„Дозволено е да се изрази и мислење во законските норми. Четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ. Сме потпишале Договор за добрососедство, а протоколот кој се споменува е во насока на имплементација на само еден дел од Договорот со Бугарија, кој никако не е дел од преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство. Целиот протест и револт да биде исконтролиран, тоа се наши институции и наш имот. Не треба да оставаме лоша слика пред целата јавност. Дебата има, дискусии има и добро е што е дискутира. Само на ваков начин ќе ги расчистиме недоразбирањата, да ги дообјасниме околу францускиот предлог“, порача Адеми…
Извор: Локално