Колку пати сте си ветиле дека од утре сте на диета и по само неколку недели сте се откажале затоа што не гледате резултати?
Не грижете се. Не сте единствени. Истражувањата покажуваат дека две од пет лица тоа го прават во првите седум денови, додека само едно лице од 5 издржува до крајот на месецот. Причината е многу едноставна, а еве ги виновниците за тоа?
1. Бунт на телото
Драстичните и многу строги диети може да предизвикаат нагли промени во расположението, главоболка, нервоза, омалаксаност, па дури и проблеми со варењето. Тоа е показател дека вашето тело страда затоа што не го добива тоа што навистина му треба.
Решение: Вие го познавате вашето тело подобро од било кој и затоа слушајте го. Размислете која храна ви недостасува најмногу? Дали тоа се јаглехидрати, нормална големина на порциите или пак овошје? Ригорозните диети се шок за организмот. Јадете разновидно, но умерено и вашето тело ќе ви биде благодарно.
2. Глад
Чувството на глад на секои пет минути или пак само еден час по оброкот не мора да биде единствен услов за губење на килограмите, а токму гладта е одговорна за откажување од посакуваната цел. Силното чувство на глад всушност е сгинал дека вашата диета не е избалансирана поради што телото ја чува внесената енергија (храната) во форма на резерви и со тоа дава отпор на слабеењето.
Решение: За да ги изгубите килограмите без силно чувство на глад потребна ви е моќна храна која бавно се вари и која ќе ве држи сити со часови. Станува збор за природни протеини (јајца, пилешко месо, риби и мешунки) и влакна (овошје, зеленчук, цели житарки) и добри масти (јаткасти плодови, семки, маслиново масло).
Оброкот со овие намирници има помалку калории, а ќе му пружи на вашето тело се што му е потребно. Меѓу оброците кога ќе почувствувате глад земете суво овошје или грицки од јаткасти плодови.
3. Желбата за храна
Запрашајте се без која храна не можете да издржите, а без која би можеле. Во вашиот одговор се крие тајната на вашиот успех. Најголема грешка што може да ја направите е да си забраните некоја намирница која пред тоа сте ја јаделе секојдневно. Обидете се да бидете строги и доследни.
Решение: Заборавете на изразот „се или ништо“ и сте го решиле проблемот. Не се откажувајте во целост од омилените намирници. Ако сакате слатко еднаш или два пати неделно почестете се со едно колаче или неколку биксвити, а кога ќе почувствувате силна желба дозволете си малку темна чоколада или една лажица путер од кикирики.