M – класа на Mercedes е најбезбеден автомобил

Ова го тврдат стручњаците од Американскиот институт за безбедност на патиштата (IIHS), кои му дадоа највисока оценка на Mercedes-Benz M – класа.

488_Mercedes-M-470-1

Луксузниот кросовер кои успешно ги мина краш тестовите доби признание Top Safety Pick +. Ова е навистина големо вреднување за Мерцедесовиот модел, бидејќи на овој сегмент од краш тестовите, кои ги спроведува Американскиот институт за безбедност на патиштата (IIHS) се мошне строги и на истиот „паднаа“ доста од светските бестселери. Станува збор за симулација на удар во неподвижна пречка со височина 1,5 метри. Возилото се засилува до брзина 64 km/h и удира во бариерата, каде преклопувањето меѓу неподвижни предмет и возилото е 25%. Ударот е во левата предна површина на возилото.

551_Mercedes-M-470-2

Резултатите од сензорите на куклата, кај Мeрцедесовата M-класа покажаа дека по ударот возачот добил повреда единствено во левото колено, а другите делови на телото останувале послабо погодени. Фронталното воздушно перниче реагирало одлично, заштитувајќи ја целосно главата на возачот.

560_Mercedes-M-470-3

 

Стручњаците од IIHS додаваат уште дека многу добра е јакоста на праговите на вратите на примероците на М-класата, кои се произведени по месец август 2013 година. Токму тоа ја зголемува значително безбедноста на патниците. До моментов оценки слични на оние на Mercedes, добила само Honda Odyssey.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -