Вебсајт за оние што поради пролив немаат партнер

couplepКрег Џекс (24) од британското место Ширлеј отворил интернет-страница за
пронаоѓање партнер, но таа е наменета за оние луѓе што боледуваат од
проблеми со системот за варење и од Крохнова болест, поради што мора
постојано да трчаат во тоалет.


diareaКрег Џекс (24) од британското место Ширлеј отворил интернет-страница за пронаоѓање партнер, но таа е наменета за оние луѓе што боледуваат од проблеми со системот за варење и од Крохнова болест, поради што мора постојано да трчаат во тоалет.

Тој решил страницата да ја нарече www.irritatedbeingsingle.com или „иритиран што сум сам“, зашто неговиот живот е сведен на нула и затоа сака да си помогне себеси и на другите да си го најдат партнерот на својот живот.

– Имав неколку девојки, но поради проливот не можев да им обрнам внимание. Престанав да одам во ресторани со девојките зашто ми стана незгодно што морав често да одам во тоалет – вели Џекс.

Тој додава дека посетата на неговата страница расте од ден на ден. виа.

- Реклама -