Реал Мадрид договорил продолжување на соработката со Валверде до 2031

Реал Мадрид постигнал договор со Федерико Валверде за продолжување на соработката до 2031 година, објавуваат шпанските медиуми.

0
Реал Мадрид договорил продолжување на соработката со Валверде до 2031 (Опсервер)
Фото: Опсервер

Според информациите на „АС“, постојниот договор на уругвајскиот репрезентативец истекува во 2029 година и треба да биде продолжен за уште две сезони. „Атлетик“ наведува дека во договорот ќе биде вметната откупна клаузула од една милијарда евра.

Новиот договор треба да донесе и значително зголемување на платата, со што Валверде би бил меѓу најплатените фудбалери во мадридскиот клуб.

Валверде пристигна во Реал Мадрид во 2016 година од Пењарол. Официјалната потврда за продолжувањето на договорот сè уште се очекува.