
Споменикот во Полице е авторско дело на Петро Алексовски, а го открија градоначалникот Кристијан Ковалевски и амбасадорот на Македонија во Полска Јасмин Ќамил. Реализацијата ја поддржал Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ).
Споменикот е еден од трите предвидени за поставување во полски градови што ги згрижиле децата бегалци од Егејска Македонија.
Ќамил, Ковалевски и Алексовски во своите обраќања му се заблагодариле на ФХЕМ, оценувајќи дека без неговата поддршка проектот немало да се реализира во толку краток период. Директорот на ФХЕМ, Горан Садикаријо, изјавил: „Судбината на децата бегалци од Егејска Македонија, откорнати од своите огништа, природно се преплетува со историската меморија на еврејскиот народ и на сите оние кои го преживеале прогонот и загубата на домот. Затоа беше природно да помогнеме“.
На средбата со Садикаријо било најавено и отворање музеј во Полице, а било предложено една просторија да биде посветена на историјата и судбината на македонските Евреи.



