Колку и да го величаме Пикасо поради тоа што бил брилијантен уметник, следната колекција на илустрации докажува дека тој не би бил толку добар кога би цртал стрипови. Мајк Езпарца е човекот зад овие интерпретации на познатите суперхерои, кои неверојатно личат на нешто што Пикасо би го насликал кога би се бавел со деветтата уметност. Има само еден проблем: Како некој би можел да направи косплеј на Супермен, на пример, кога очите би му биле едно врз друго?