
Со новата транша, вкупната поддршка што Владата досега ја реализирала во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари, односно 242 милиони евра.
Во Буџетот за реализација на мерката се предвидени вкупно 250 милиони евра, а првата транша кон Развојната банка и домашните компании Министерството за финансии ја реализирало во март минатата година.
Средствата Владата ги обезбедила од унгарската Експорт-импорт банка за поттикнување на инвестицискиот циклус во приватниот сектор и економскиот раст. Тие се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници, по каматна стапка од 1,95 отсто и со рок на отплата до 15 години, со грејс-период до три години.



