Според англиските медиуми главен приоритет на раководството на Арсенал во наредниот период е продолжување на договорот со искусниот тренер.
Откако Венгер беше под огромен притисок на почетокот на сезоната поради неможноста да донесе играч од светска класа во своите редови, како и поради долгиот период без трофеј, со трансферот на германскиот плејмејкер притисокот врз него се намали и сега се преминува во фаза на преговори за продолжување на неговиот договор.
Договорот на Венгер истекува на крајот на сезонава и раководството на Арсенал сака што побрзо да дојде до решение за неговата иднина. Инаку, по пензионирањето на Алекс Фергусон Венгер е тренерот кој е најдолг период во еден клуб во Премиер лигата. Венгер е во тимот на Арсенал од 1996 година.
Текстот е објавен во соработка со wintheodds.net