Нови слики и тест на издржливост од Apple iPhone 5C

Благодарение на романскиот дистрибутер кој објави неколку слики од Apple iPhone 5C, добиваме реална слика за она како вистински изгледа уредот кој треба да има достојна цена на пазарот.

iPhone-5C_1

Сликата го покажува белиот пластичен уред кој работи на најновиот оперативен систем iOS 7. Исто така, има неколку слики од ‘евтиниот’ телефон iPhone 5C со футроли, сликан од различен агол.

iPhone-5C_2

Се шпекулира дека iPhone 5C ќе го замени iPhone 5 во серијата телефони на Apple, и дека ќе се појави на пазарот заедно со следниот претставник, iPhone 5S, на 20ти септември.

iPhone-5C_3

 

iPhone-5C_4

Исто така, погледнете го видеото кое следува за iPhone 5C во тестот на гребнатини и издржливост на уредот:

[youtube]http://youtu.be/cOhAzd0tp28[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -