Први слики од iPhone 5C со црна боја

Претстојниот телефон од средната класа на Apple, iPhone 5C, очигледно дека ќе дебитира во црна боја, како и повеќе други бои за кои веќе доста се пишуваше.

Корисникот на Weibo, Ban, на неговата страна постираше три слики кои наводно го претставуваат новиот iPhone 5C со црна боја. Исто така, на една од сликите се гледа новиот уред заедно со iPhone 5, потврдувајќи ги претходните извештаи дека 5C ќе биде малку потенок од iPhone 5 и iPhone 5S.

iphone-5c-black-2530x290_210813_115910 (1)

Досега овој поветин модел на iPhone беше прикажуван според своите покривки во различни бои вклучувајќи бела, зелена, жолта, сина и розева, но ова е прв пат уредот да се појави со слика во црна боја.

Се очекува iPhone 5C да биде претставен за време на конференција на 10 септември.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -