J.D Power го рангираше Audi на врвот

Audi повторно постигнa врвни резултати во анкетата спроведена од компанијата за истражување на мислењето на потрошувачите J.D Power.

При сумирањето на резултатите од страна на J.D Power, во категоријата позната како АPEAL (Автомобилски перформанси, изведба и изглед) или со еден збор “ДОПАДЛИВОСТ” Audi постигна најдобри резултати до сега.

Истражувањето за автомобилските перформанси, изведба и изглед во организација на добро познатата агенција за истражување на задоволството на потрошувачите во автомобилската индустрија J.D Power кое оваа година се одржа 18-ти пат. J.D Power испитуваше примерок од 83.000 сопственици на нови возила во првите 90 дена од набавката на возилото без оглед на тоа за кој бренд на автомобил се работи.

Со 875 освоени поени од можни 1.000, брендот Audi освои 62 поени над просекот во автомобилската гранка притоа надминувајќи 33 конкурентски компании.

- Реклама -