Новиот iPhone би требало и официјално да биде претставен на 10-ти септември, на настан на кој Apple ќе го презентира и оперативниот систем iOs 7 на дело. Блоговите и сајтовите кои го следат Apple беа многу активни последниот период што е добар предзнак за претстојната промоција.
iPhone 5S е наследник на iPhone 5 и ќе многу подобрувања во хардверот како побрз процесор, потоа 13 мегапикселна камера со двоен LED блиц и најинтерениот откриен детаљ до сега е сензорот за читање на отпечатоци од прсти за отклучување на екранот.
Тоа што се очекува покрај iPhone 5S е и т.н. евтин iPhone 5C кој ќе има пластична маска, различни шаренолики бои за избор и секако пониска цена од вообичаената верзија. Како и секогаш оставаме простор и за други изненадувања, па можно е да го видиме и новиот таблет iPad 5 или некој сосема нов Apple производ.
Тесктот е објавен во соработка со telefoni.com.mk