Најрасистички реклами од целиот свет (видеа)

РасизамОткако ќе ги погледнете рекламиве, ќе помислите дека се направени некаде во средината на минатиот век. Но не! Најголемиот дел од нив се излезени во последниве неколку години. Погледнете во кои форми расизмот преживува насекаде низ светот.

Откако ќе ги погледнете рекламиве, ќе помислите дека се направени некаде во средината на минатиот век. Но не! Најголемиот дел од нив се излезени во последниве неколку години. Погледнете во кои форми расизмот преживува насекаде низ светот.

Реклама за козметички производ за обелување на кожата (Индија)
{youtube}lJhSogkI284{/youtube}
Ова ремек-дело има уште 4 продолженија, но непотребно е да се заморуваме со нив. Како и во секој индиски филм, на крајот, протагонистката успева да си го врати мажот. Но, клучниот момент за заплетот (а и за расизмот) се наоѓа токму во почетокот. Пораката која им се испраќа на индиските жени е дека мажите нема да ги сакаат ако епидермисот не им е доволно бел.

Реклами за прашок за перење (Италија)

{youtube}r6drdI_RBt8{/youtube}
Како и на Балканот, така и во Италија, и натаму живее митот за неверојатните либида на Црнците. За разлика од индиската реклама, овие одат во спротивната насока, со пораката „Обоеното е подобро“. Но, станува и полошо. Погледнете го вториот дел!

{youtube}Tz3UiDM5dPU{/youtube}

Реклама за веб-сајт (Америка)

{youtube}7YOZeK7vzwo{/youtube}
Почетокот ветува. Ќе си помислите дека се работи за најобична анимирана реклама со панди. Но, откако ќе го чуете смешниот акцент со кој говорат, ќе ви стане јасно зошто рекламата е расистичка.

Реклама за зашеќерена вода „со витамини“ (Америка)

{youtube}YfwqSBWDW_A{/youtube}
Двајца Американци (едниот бејзбол играч, другиот „фудбалер“) победуваат двајца азиски бадминтон играчи (Јанг и Лау) во нивниот спорт. И не само што ги победуваат, туку ги понижуваат со својата надмоќ. Нормално, благодарение на зашеќерената вода која постојано ја пијат во текот на мечот.

Киа Ора (Велика Британија)

{youtube}5LvLn9PWln8{/youtube}
Рекламава за сок од портокал е нешто постара од другите (некаде во средината на осумдесеттите), но оправдано се наоѓа во друштво со другите. Оваа реклама е фестивал на расизмот.

- Реклама -