Забранета реклама за кондоми

Во Пакистан оваа реклама за кондоми ја оценија како недолична  и забранија нејзино емитување.

Одлуката ја донесе ПЕМПРА, пакистанската регулаторна агенција за електронски медиуми, која ја оцени рекламата како неморална и соопшти дека не води грижа за нивните верски и социокултурни вредности. Многу Пакистанци ја нарекоа рекламата „жестока“.

Рекламата ја снимила непрофитната организација DKT International која го промовира планирањето на семејството и превенцијата од ХИВ и СИДА, а во неа се појавува моделот Матира Мохамед.

Според моментните проценки само 27 проценти од 193 милиони жители во Пакистан имаат пристап до контрацептиски средства.

- Реклама -