Се сеќавате ли на деновите кога немаше iPhone и Galaxy S и Motorola и Nokia беа најкул телефони за сите hi-tech манијаци?
Може да ви се чини дека овие времиња беа вчера, но ако помислите, ќе откриете дека конзолата Sega Genesis веќе има 24 години. Тамагочи пак наскоро ќе наполни 18 години, а оригиналниот iPod влегува во пубертет (12 години).
Затоа денес ве враќаме малку назад во историјата со оваа листа на старти уреди направена од “Бизнис инсајдер”
Sega Genesis
Година: 1989
Компанијата ја претстави оваа конзола во 1989 година во Северна Америка на цена од 189,99 долари. Системот станува една од најпопуларните гејмерски конзоли на сите времиња.
Nintendo Game Boy
Година: 1989
Истата година Nintendo нанесува удар со преносливата конзола The Game Boy, која има продадено 32 милиони копии. Овој уред го отвора патот на преносливите игри, а вкупната продажба на The Game Boy и Game Boy Color достигнуваат 118,69 милиони примероци.
Супер Нинтендо
Година: 1990
Супер Нинтендо (SNES) за многу кратко време спекна многу голем успех – првите 300 броеви се продадени само за неколку часа. Интересот за овој гаџет е толку голем, што предизвикува социјални потреси, кои тераат владите да ги принуди производителите да продаваат и преку викенд.
Оригиналниот PlayStation
Година: 1994
PlayStation е првиот голем успех на Sony во областа на видео игрите. За 9,5 години на пазарот конзолата е продадена во над 100 милиони примероци.
Nintendo 64
Година: 1996
Nintendo 64 е наследник на Super Nintendo. Конзолата поседува уникатен систем за контрола и излегува на пазарот со две вградени игри – Super Mario 64 и Pilotwings 64. Се продава на цена од 199 долари.
Motorola StarTAC
Година: 1996
Телефонот StarTAC е прв во светот од типот школка. Тој е и еден од првите масовно популарни модели со продажба од 60 милиони примероци. Апаратите high-end на серијата располагаат со литиумски батерии и дури можат да испраќаат СМСи
Првите DVD
Година: 1996
Првите DVD-плеери стануваат факт во ноември 1996 година во Јапонија и во 1997 година во САД. DVD технологијата го променува револуционизира начинот на кој ние гледаме филмови. До 2003 година продажбите на DVD ги надминуваат оние на VHS касетите.
Оригиналното Тамагочи
Година: 1996
Тоа беше и годината во која виртуелните миленичиња во пластично јајце со екран го освоија светот. До 2010 година во светот биле продадени вкупно 76 милиони оригинални Тамагочи.
Nokia 6110
Година: 1997
Денес се чини дека секој барем еднаш во животот го имал овој класичен телефон на Nokia. Во него наоѓаме три класични игри, меѓу кои е и култната Snake. Моделот има и други револуционерни за тоа време апликации како календар и конвертор за валути.
AIM
Година: 1997
AIM е неверојатен за тоа време софтвер за инстант пораки кој се користи и денес во Северна Америка. Создаден е од AOL Inc.
Napster
Година: 1999
Napster беше платформа за бесплатно споделување на музички MP3 датотеки, што нанесе непоправлива штета на музичкиот бизнис во целиот свет.
Nokia 3310
Година: 2000
Моделот 3310 е познат по своите бројни функционалности, кои биле ретки за тоа време, на пример калкулатор, систем за следење на мрежата, стоперката и будилник. Со него можевме да напишете многу долги пораки и да избираме брзо зачувани броеви на одредени копчиња.
Оригиналниот Xbox
Година: 2001
Xbox беше првата гејминг конзола на Microsoft, за која компанијата соработуваше со Sega.
Првиот iPod
Година: 2001
Моделот поседува издржлива батерија и гигантски за времето диск од 5GB, во кој може да се вклопат 1000 датотеки. Пуштен е на цена од 399 долари, а работи само на Mac. Иако многу беа скептични кога стануваше збор за iPod, тој успева да го промени начинот на кој слушаме музика.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk