Иако LG не остварува десетици милиони од продажбата на смартфони секој квартал како лидерите на пазарот Samsung и Apple, сепак јужно-корејскиот производител продолжува да се бори силно со својата конкуренција.
Она што е навистина за поздравување е дека компанијата постигна напредок: LG испорачал рекордни 12 милиони паметни телефони во вториот квартал, а во третиот оваа бројка најверојатно ќе биде надмината благодарение на лансирањето на својот нов предводник, смартфонот LG G2.
Се појавија доста детали околу новиот G2, а сега веќе и нови фотографии за мобилниот телефон се објавени на корејската страна Ruliweb. Сликите го покажуваат необјавениот уред, а исто така се открива моќната батерија од 2610 mAh. LG веќе закажа прес-конференција на која ќе го објави G2 на 7 август во Њујорк.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk