Баерн Минхен подобар од Барселона (видео)

Баерн Минхен со 2-0 ја победи Барселона во пријателскиот натпревар одигран на Алијанц Арената.

Пеп Гвардиола го победи својот поранешен клуб, Баерн Минхен славеше со 2-0 над Барселона кај која недостасуваа повеќе играчи од првиот тим.

Поради настапот на Купот на Конфедерациите во Барселона ги немаше шпанските и бразилските репрезентативци, а тимот не беше предводен од новиот тренер, Тата Мартино.

Од друга страна Баерн настапи со речиси најсилниот состав, го немаше Хави Мартинез.

Баерн Минхен беше доминантен на теренот, тимот на Гвардиола изгледаше многу моќно и во ниту еден момент не ја доведе победата во прашање.

Интересно, водството за Баерн го донесе Филип Лам со погодок со глава, капитенот стрелаше прецизно за предност на Баварците од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Манџукиќ на три минути пред крајот на натпреварот.

[youtube]http://youtu.be/HDEzDkaFsbY[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -