Постојат 50 начини да го оставите љубовникот, но само 4 да излезете од авионов

Креативноста поврзана со авионите не е ограничена на нивната надворешност. Во некои авионски компании работат прилично креативни луѓе кои имаат кажано доста смешни нешта. Следат 12 од најсмешните цитати.

1. На еден лет на кој немало нумерирани седишта, патниците бавно се решавале каде да седнат. Стјуардеста објавила: „Ајде луѓе, не бираме мебел. Најдете место и седнете!“

2. На лет со постар екипаж, стјуардесата рекла: „Дами и господа, ја постигнавме висината на летање. Сега ќе го намалиме светлото. Ова е за ваша удобност, како и за подобрување на изгледот на вашите стјуардеси“.

plane

3. При слетување, стјуардесата објавила: „Внимавајте да не заборавите ништо. Ако оставате нешто, нека биде тоа нешто што ќе ни се допадне“.

4. „Постојат 50 начини да го оставите љубовникот, но само 4 начини да излезете од авионов“.

5. При полетување, било објавено: „Добредојдовте на летот 245 до Тампа. За да го врзете ременот, ставете го металниот дел во шупливиот дел. Овие ремени функционираат исто како и сите други и ако не можете да се снајдете, не би требало да ви биде дозволено излегување од дома без надзор“.

6. „Во случај на пад на притисокот, маски со кислород ќе се спуштат од над седиштата. Не паничете, грабнете ја маската и ставете ја врз устата и носот. Доколку патувате со мало дете, ставете ја вашата маска пред да му помогнете со неговата. Ако патувате со повеќе од едно мало дете, одлучете се кое ви е омилено“.

Stock Photo

7. „Седиштата на кои седите можат да се употребат како пловки. Во случај на принудно слетување во вода, употребете ги за да одвеслате до копно и задржете ги како подарок“.

8. „При излегување од авионот, земете си ги нештата што се ваши. Она што ќе биде оставено, ќе се подели рамномерно помеѓу стјуардесите. Ве молиме да не оставате деца или сопружници!“

9. Пилотот објавил пред полетување: „Делта авиотранспорт се гордее со фактот што ги има едни од најдобрите стјуардеси во бизнисот. За жал, ниедна од нив не е на овој лет“.

The Glamour of Flight  Sexy Stewardesses (47)

10. По едно грубо слетување, пилотот чекал да излезат сите патници пред да замине. Последна останала една бабичка која сакала да му постави прашање. Тој се согласил, а таа го прашала: „Дали слетавме или бевме срушени?“

11. Објава од стјуардеса: „Дами и господа, ако имате потреба од цигара, делот за пушачи се наоаѓа на обете крила. Ако можете да запалите, повелете!“

gty_pilot_cockpit_nt_111018_wg

12. Откако еден авион полетал и ја достигнал потребната висина, пилотот објавил дека сите услови се оптимални и би требало летот да е повеќе од удобен. Уште пред да ја доврши реченицата, извикал на сиот глас: „О, господе!“ по што следела минута молк. Потоа пилотот се огласил одново: „Се извинувам дами и господа, стјуардесата ми истури жешко кафе во скутот. Само да ми ја видите предната страна на панталоните“. Еден од патниците извикал: „Тоа не е ништо! Треба да ја видите задната страна од моите!“

- Реклама -