Кога е најпотребно да се јадат банани

Бананите содржат три вида на природен шеќер, сахароза, глукоза и фруктоза. Истражувањата покажуваат дека оваа комбинација на шеќери се перфектни за телото и даваат енергија како ништо друго. Затоа и бананата е најмногу застапена во исхраната на спортистите. Две изедени банани даваат сила за 90 минутен напорен тренинг.

Но бананата има и други хранливи својства и вредности, и може многу да помогне во различни здравствени ситуации.

Депресија
Депресијата е болест на модерното време, и многу луѓе секојдневно се борат со неа. Во бананата има протеин триптофан, кој телото го претвара во сератонин, најодговорениот хормон кој е одговорен за чуството на среќа и задоволство.

ПМС
Доколку имате проблеми со ПМС, јадете почесто банани поради витаминот Б6 кој се содржи во ова овошје. Овој витамин го регулира шеќерот во крвта, кој влиае на расположението кај луѓето.

Анемија
Бананите исто така содржат големо количество на железо, кој пак го потиткнува производството на хемоглобинот. Значи доколку сте анемични, бананите треба да ви бидат на секојдневното мени.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Запек
Поради тоа што има огромен број на природни влакна, бананата ќе ви помогне и во оваа ситуација.

Мамурлак
Доколку се разбудите “изненадувачки” со мамурлак, една банана помешана со млеко и мед, ќе ви го смират желудникот и ќе ви го избалансираат нивото на шеќер во крвта.

Против каснување од комарец
Доколку несакате да бидете нафрлени од комарците, пробајте го ова. Со внатрешната страна од лушпата на бананата, истријте го местото каде ве каснал комарец. Би требало веднаш да го смири отокот.

Разладување
Во многу култури, бананата се смета за овошје што разладува. Трудниците во Тајланд јадат голема количина на банани, за да детето се роди со нормална телесна температура.

- Реклама -