NEOS – трицикл на иднината

трицикл од иднинатаАко размислуваме за градскиот транспорт во наредните неколку години неизбежна е потребата за напредно компактно возило. NEOS е возило кое не само што е компактно, туку ќе содржи голем број безбедносни елементи како странични воздушни перничиња за возачот и воздушно перниче за патникот во приколката.

трицикл од иднинатаКонцептот NEOS, дизајниран од Даниел Мунинк, е затворен мотоцикл со три тркала – трицикл – со модуларна приколка. Возилото, чија шасија е направена од јаглеродни влакна, е опремено со напредна технологија како GPS, дисплеј осетлив на допир, камери кои ги елиминираат слепите точки, приклучок за мобилен итн.
трицикл од иднинатаNEOS е опремен со трофазен индукционен мотор кој функционира на променлива струја и со литиумска батерија која му овозможува на трициклот да помине 260 километри со едно полнење. Возилото е дизајнирано за двајца, и е флексибилно бидејќи приколката може да се отстрани. Според дизајнерот возилото се управува со џојстик што дополнително го нагласува футуристичкиот дизајн.
трицикл од иднинататрицикл од иднинататрицикл од иднинататрицикл од иднинататрицикл од иднината

- Реклама -