Според најновиот извештај, паметните часовници, кои од неодамна се повеќе се најавуваат, ќе направат голем чекор напред во индустријата во 2014 година, кога Apple, Samsung и другите гиганти ќе ги објават на светот своите сопствени ‘компјутери’ погодни за носење на рака.
Најновото истражување од Canalys предвидува дека паметните часовници “ќе направат бум до крајот на 2014 година“ кога производителите ќе испорачаат повеќе од 5 милиони уреди, зголемување за 900% од бројката на уреди што Canalys очекува да бидат испорачани оваа година.
Canalys тврди дека многу од паметните часовници кои ќе бидат објавени следната година ќе имаат важни нови карактеристики вклучувајќи “актуелни информации, интеграција преку сензори и нови веб-услуги“ кои овие уреди ќе ги направат многу попосакувани за потрошувачите отколку претходните модели на паметни часовници.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk