9 карактеристики на добар дечко

добро момчеДевојки, колку често ви се случува да мислите дека сте го нашле совршениот дечко, но сте биле разочарани? Поради некоја причина има типови кои се претставуваат како добри дечковци, иако не се. Па, еве неколку работи на кои треба да внимавате доколку сакате да најдете вистински добродушен џентлмен.

Девојки, колку често ви се случува да мислите дека сте го нашле совршениот дечко, но сте биле разочарани? Поради некоја причина има типови кои се претставуваат како добри дечковци, иако не се. Па, еве неколку работи на кои треба да внимавате доколку сакате да најдете вистински добродушен џентлмен.

добро момче1. Добро се однесува кон неговото семејство: Ако маж редовно комуницира со семејството, оди на семејни прослави, зборува со мајка му или баба му бидејќи тој така сака е доказ дека не се чувствува обврзан да биде близок со луѓето околу него, туку тоа е негова желба.

2. Пријателски е настроен кон услужители: Ако никогаш не сте работеле во угостителство, или не ви е воопшто грижа за услужителите, тогаш можете да го скокнете овој дел. Сепак, ако некогаш сте имале работа во овој отсек тогаш знаете дека не е лесно, и секој што ги потценува луѓето кои му носат храна и пијалаци едноставно не е за вас. Едноставно, добра личност се однесува исто кон сите!

3. Има цврста група блиски пријатели (од двата полови): Повторно, врските се важен фактор, а ако некој има група блиски пријатели со кои е заедно уште од училиште, тоа е одличен знак. Тој знае да одржува долгорочна врска, а и има пријатели кои добро го познаваат и секогаш се околу него. Секогаш внимавајте ако некој има краткорочни пријателства или често ги менува најдобрите пријатели.

4. Што мислат вашите пријателки за него: Тука е потешкиот дел, вашите пријателки. Најверојатно имате неколку пријателки кои имаат лошо искуство, што значи дека во вашата група има неколку скептици. Побарајте искрено мислење од нив, а потоа вие решете дали ќе ги следите сопствените чувства или нивните совети. Дајте им шанса, сепак, вашите пријателки ве познаваат многу добро.

5. Тој не откажува планови: Претпоставувате дека се мисли на закажани состаноци со вас, но се мисли на планови направени со други луѓе. Ако тој има договорено нешто, и ако го одржи договорот, тоа покажува дека може да му верувате. Особено ако имал план да ја посети неговата баба или внука, а кога некој пријател ќе го викне на фудбал, тој сепак ќе го оствари оригиналниот план (ретко, но се случува).

6. Се јавува тогаш кога рекол дека ќе се јави: Пристојно е и многу логично, но сепак многу луѓе знаат да речат „Ќе ти се јавам утре“ а следниот ден да не се јават. Добрите момци се јавуваат.

7. Ви дозволува први да нарачате храна/тура вино прво во вашата чаша: Ова покажува дека е џентлмен. Кога го прави ова тој ви покажува дека ви дава предност. Ова е старомоден чин на кавалерство, но сепак е пристојно, дури и кога сте излезени со вашите машки пријатели.

8. Внимава дали уживате: Можеби не ви е добро или сте во ситуација каде што не познавате многу луѓе, па ако вашиот партнер ве праша дали сте добро, или ве вклучи во разговор, тогаш чувајте го. Не само што внимава на вас, туку забележува и без вие да спомнете.

9. Не се тепа: Кратко и јасно. Тепањето не е кул, тепањето не е мажествено (освен ако е вистински кавалер и ја брани вашата чест поради тешка навреда) тепањето е неприфатливо и е симптом на агресивност.

- Реклама -